Без победник во лутото сараевско дерби

Без победник во лутото сараевско дерби

пред 4 години

Сараево и Железничар одиграа 1:1 на „Кошево“ во дербито на Премиерлигата на Босна и Херцеговина, резултат со кој Сараево останува лидер на табелата со 33 поени, четири повеќе од Железничар по 13 кола.

Сараево доминираше во првото полувреме, но успеа да постигне само еден гол, откако Амар Рахмановиќ ја доби одбиената топка по ударот на Бенјамин Татар. Жељо успеа да израмни во 66. минута по фантастичниот гол на Мехмед Алиспахиќ.

Share
Scroll to Top