Без промени на ФИФА листата – Македонија е на 65.место

Без промени на ФИФА листата – Македонија е на 65.место

пред 4 години

Македонската фудбалска репрезентација остана на 65 место, на ранг-листата на ФИФА. Светската куќа на фудбалот, во четвртокот, ја објави својата најнова листа.

Македонија, исто како и на претходното рангирање, се наоѓа на 65 место со 1362 поени. Македонската репрезентација има најлош рејтинг од противниците со кои ќе се соочи на Европското првенство. Од групата на ЕУРО 2021 најдобар пласман има Холандија (14 место), Австрија е на 23, а Украина на 24 место.

Кога станува збор за репрезентации против кои Македонија ќесе бори за пласман на Светското првенство во Катар, најдобар рејтинг има Германија (13 место), а подобро рангирани од македонската репрезентација се и Романија (37), односно Исланд (46).

На ФИФА-листата зад Македонија се Ерменија (99) и Лехтенштајн (1818).

Инаку, листата на ФИФА ја предводи Белгија, пред Франција, Бразил, Англија, Португалија, Шпанија, Аргентина, Уругвај, Мексико и Италија.

Фото/ffm.mk

Share
Scroll to Top