Бекер нема време за германскиот тенис поради легалните проблеми

Бекер нема време за германскиот тенис поради легалните проблеми

пред 4 години

Борис Бекер се повлекува од позицијата на одговорен за машкиот тенис во Германија, работа во која го надгледуваше развојот на младите тенисери и на Дејвис куп репрезентацијата.

Освојувачот на шест гренд слема признава дека веќе нема време да ја врши работата која ја стартуваше во 2017 година, откако 53-годишниот Германец се наоѓа сред скап и тежок судски процес во Лондон за банкрот. Тој беше обвинет дека ги крие трофеите и дел од своите недвижнини во процесот на исплаќање на долговите, и го очекува затворска казна од неколку години ако го осудат.

„Работата со Германската тениска федерација ми носеше огромно задоволство последните три и пол години. За жал, сега немам доволно време за оваа работа и останувам пријател со сите во федерацијата“, вели трикратниот шампион од Вимблдон.

Федерацијата му се заблагодари за работата и порача дека капитенот на Дејвис купот, Михаел Колман ќе ги преземе неговите обврски.

Кој ќе ја купи вилата на банкротираниот Бекер ќе мора да живее со неговата мајка!

Share
Scroll to Top