Белингем играч на сезоната во Ла Лига

Белингем играч на сезоната во Ла Лига

пред 7 месеци

Англичанецот од Реал Мадрид, Џуд Белингем (20) е прогласен за најдобар играч на шпанската Ла Лига минатата сезона, додека Мичел Санчез од Џирона ја доби наградата за тренер на годината.

Џуд Белингем пристигна во Реал, во јуни минатата година од Борусија Дортмунд за 103 милиони евра. Во првата сезона стана еден од клучните играчи на Реал Мадрид.

Младиот Англичанец сезонава постигна 23 гола и 12 асистенции на 41 натпревар, со што го предводеше Реал до 36-та титула во Ла Лига.

Оваа сабота Белингем и неговите соиграчи ќе ја бркаат својата 15-та титула европски првак.

„Би сакал да ја посветам оваа награда на моите соиграчи, стручниот штаб и што е најважно, на навивачите на најдобриот клуб во светот. Задоволство ми е секој пат кога играм за овој тим. Хала Мадрид”, изјави Белингам во видео пораката.

Белингам славеше со гласовите на навивачите, капитените на клубовите и стручната комисија пред соиграчот Винисиус, Антоан Гризман (Атлетико Мадрид), Артем Довбик (Џирона) и Роберт Левандовски (Барселона).

Наградата за најдобар тренер му припадна на Мичел Санчез, кој ја предводеше Џирона до третото место на табелата.

„Задоволен сум што ја добив оваа награда и сакам да ја примам во име на мојот персонал. Тие ме направија подобар, оваа награда е за нив и за клубот кој верува во проектот. Тие веруваат во идејата на играта, а не само во резултатите“, изјави 48-годишниот шпански стручњак.

Избран е и најдобриот млад играч на сезоната, а тоа е Ламине Јамал од Барселона.

Share
Scroll to Top