Бензема на суд поради „случајот Валбуена“

Бензема на суд поради „случајот Валбуена“

пред 4 години

На Карим Бензема ќе му се суди поради „случајот Валбуена“, одлучи судот во Версај.

Истрагата за случајот со секс-лентата на Матју Валбуена и наводната уцена која ја правел Карим Бензема, траеше неверојатни пет години. Поради овој случај Бензема беше исклучен од француската репрезентација.

Во декември 2019 година, судот ја отфрли жалбата на адвокатот на Бензема, кој бараше поништување на судската истрага бидејќи се користеле нелегално добиени информации преку полицаецот кој наводно бил пријател со Валбуена. Оттогаш, случајот беше кај истражната судијка Ан Дувал во Версај, која е трет судија на овој случај и која по крајот на периодот од три месеци за дополнителни докази, сега треба да закаже судење.

Според Валбуена, Бензема тврдел дека тој треба да се сретне со уценувачите за да се врати секс-лентата на Валбуена и неговата девојка, а наводно напаѓачот на Реал Мадрид бил пријател од детството со еден од уценувачите.

„Одлуката да му се суди на Бензема е апсурдна и неправедна“, рекол адвокатот на фудбалерот, Силвијан Кормие.

Share
Scroll to Top