Добитникот на „Златната топка“, Карим Бензема, на Инстаграм објави своја фотографија под која напиша „Не сум заинтересиран“. Ова е можеби одговор на прашањето што го поставија медиумите кои наголемо шпекулираат дали тој ќе се приклучи на тимот на Франција за неделното финале на Светското првенство против Аргентина.
Се чини дека Бензема ниту очекува ниту сака да игра во решавачкиот судир, иако сега е целосно закрепнат од повредата. Ова откако селекторот Дидие Дешамп најверојатно побарал тој да го напушти кампот на Франција пред самиот почеток на Светското првенство.
Бензема вчера дури учествуваше и во тајна контрола на Реал Мадрид, по што селекторот на Франција, Дидие Дешамп, беше прашан дали ќе смета на него против „гаучосите“.
Тоа е можно бидејќи Бензема и покрај повредата не беше исклучен од составот, а на негово место не беше повикан ниту еден друг играч. Сепак, Дешамп не сакаше да коментира на оваа тема.
View this post on Instagram