Бензема не се појави на судењето -Валбуена порача дека ќе оди до крај

Бензема не се појави на судењето -Валбуена порача дека ќе оди до крај

пред 2 години

Карим Бензема не се појави на денешното судење во Версај поради професионални обврски. Бензема, синоќа, со Реал играше во Украина против Шахтјор. На францускиот репрезентативец и на уште четри други лива им се суди за изнуда.

Тое се обидоа во 2015 година да изнудат пари од Метју Валбуена за да пуштат негово домашно видео во јавноста. Бензема, според обвинението, посрердувал во изнудата. Тој го убедувал Валбуена да им ја исплати на уценувачите бараната сума.

Поради тој скандал селекторот Дидие Дешам го исфрли Бензема од националниот тим, во кој се врати ова лето за Европското првенство.

Се очекува судењето да трае три дена. Влабуена истакнал дека нема да се откаже и дека ќе оди до крај.

„Чекав шест години и ќе одам до крај. Само Бензема не се појави пред судот. Штета. Овде ќе останеме онолку колку што ќе биде потребно“, изјави Валбуена.

Според францускиот закон, за вакво дело предвидена е максимална казна затвор од пет години.

Share
Scroll to Top