Бензема: Реал-Барса останува најголемиот меч во историјата

Бензема: Реал-Барса останува најголемиот меч во историјата

пред 2 години

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема инсистира дека „Ел класико“ останува најдобриот меч во фудбалот и покрај заминувањето на неговиот ривал од Барселона, Лионел Меси.

„Кралевите“ ќе патуваат на „Ноу Камп“ на 24 октомври, обидувајќи се да ја искористат кризата во каталонскиот тим за победа во големото дерби. Заминувањето на Меси ова лето, заедно со заминувањето на Кристијано Роналдо од Мадрид во 2018, како и неуспехот во Лигата на шампионите последните три сезони фрлаат сомнеж во квалитетот на шпанските гиганти, но Бензема не се согласува.

„За мене тоа остаснува исто, најдобриот меч кој постои во фудбалот. Не е важно кои фудбалери се таму, кои си заминале или кои ќе дојдат. Реал-Барса е историја. Имињата се менуваат, но и пред Меси тука беа Зидан, Роналдињо, Ето… Реал-Барса секогаше ќе биде Реал-Барса“, вели Бензема во интервју за „ЕСПН“.

Тој исто така не верува дека ќе биде лесно во Барселона и покрај тоа што тие имаат само една победа во последните шест меча.

„Никогаш нема добар момент да е се игра против нив. Барселона, како сите врвни клубови, можат да имаат лош меч, но потоа да се вратат моќно. Никако не смееме да ги потцениме“, додава Бензема, кој има 9 гола и 7 асистенции оваа сезона.

Share
Scroll to Top