Реал Мадрид одиграа само 1:1 со Осасуна на „Сантијаго Бернабеу“, ставајќи крај на совршениот старт на сезоната за „кралевите“, резултат кој ги израмнува со Барселона на врвот на табелата во Ла лига.
Без повредениот Тибо Куртоа на голот, Реал поведоа во финишот на првото полувреме, кога во 42. минута, Винисиус Жуниор стрелаше по асистенцијата на Давид Алаба, но незгодниот противник успеа да израмни преку Кике Гарсија во 50. минута.
Сепак, „кралевите“ го имаа мечот во своите раце, кога во 78. минута, Унаи Гарсија доби црвен картон, а беше досуден пенал за домаќините. Меѓутоа, Карим Бензема, неверојатно по третпат во својата кариера не успеа да даде гол од пенал на Осасуна, откако ја погоди пречката. Бензема мислеше дека ја поправил грешката во 81. минута со гол, меѓутоа тој беше поништен поради офсајд.