Францускиот тенисер Беноа Пер смета дека организаторите на Австралија опен треба да се засрамени од начинот на кој се однесуваа кон тенисерите во таканаречениот „цврст карантин“ пред првиот гренд слем во 2021.
Французинот, кој загуби во четири сета од Егор Герасимов во првото коло (2:6/6:2/6:7(5)/5:7), вели дека турнирот се фокусира на парите со одлуката да се оддржи турнирот и покрај пандемијата на КОВИД-19. Пер беше меѓу 72-те тенисери и тенисерки кои не можеа да излезат од своите хотелски соби откако патниците во нивниот авион имаа позитивни тестови на КОВИД-19.
„Тоа е ср.ње и вистинска срамота што воошто се случи. Бев задоволен од од мојата игра, но овој турнир е навистина ср.ње. Имаше позитивен тест на летот до Аделаида, но таму се однесуваа срамно со нас. Не сфаќам зошто направија така. Можеби ќе победев на овој меч со уште една-две тренинг-сесии и нормални подготовки. Се работи за парите. Ако го откажеа турнирот ќе загубеа многу пари. Тенисерите пак, сметаа дека има пари да се заработат тука и затоа дојдоа. И јас играм за пари. Но, кога мораш да жртвуваш толку работи и така се однесуваат кон вас, треба да се сопре“, вели 31-годишниот Пер.