Берлускони сака Златан да остане во Милан и призна: Понекогаш навивам и за Интер!

Берлускони сака Златан да остане во Милан и призна: Понекогаш навивам и за Интер!

пред 4 години

Поранешниот италијански премиер и поранешен газда на Милан, Силвио Берлускони му порачува на Златан Ибрахимовиќ да ја заврши кариерата на „највисокот можно ниво“ со Милан, иако веќе нема врски со „росонерите“.

Покрај својот бизнис, Берлускони го купи второлигашот Монца, каде што ги донесе Марио Балотели и Кевин-Принс Боатенг во обид првпат во историјата да ги внесе во Серија А.

„Последните два-три месеци гледав некои од мечевите на Интер и како граѓанин на Милано, навивав за нив. Ми се допаѓаат како тим и сакам да имаат добри резултати. Но, очигледно во неделното дерби, ќе навивам само за Милан. Ибра треба да ја заврши својата прекрасна кариера на највисоко ниво и му советувам тоа да го направи во Милан“, вели Берлускони.

Share
Scroll to Top