Бесмртниот Пандев со 100. гола во Серија А!

Бесмртниот Пандев со 100. гола во Серија А!

пред 3 години

Горан Пандев двапати израмнуваше за неговата Џенова против Беневенто за да стигне до својот 100. гол во Серија А (од кои само еден од пенал) во 150. настап во дресот на најстариот италијански фудбалски клуб, покажувајќи ја својата класа и својата вредност за Грифоне.

Беневенто поведе по само пет минути игра, кога Никола Виола од пенал ги донесе во водство, за само само шест минути подоцна, Пандев да успее од близина да го совлада противничкиот голман за 1:1. Гол-шоуто продолжи  четири минути подоцна, кога поранешниот фудбалер на Џенова, Џанлука Лападула пак ги носи гостите во водство. Во 21. минута, Пандев ја користи лошата реакција на одбраната на гостите, за повторно да стрела за јубилеен гол.

Статистиката на македонскиот капитен е неверојатна – 468 меча во Серија А, 100 гола, 55 асистенции, една титула од Серија А и една од Лигата на шампиони. 37-годишниот ветеран постигна 48 гола за Лацио, 5 за Интер, 20 за Наполи, еден за Анкона и веќе 26 за Џенова. Феномен!

Share
Scroll to Top