Пораншениот фудбалер на Реал Мадрид, Гарет Бејл, кој освои пет титули во Лигата на шампионите со „кралскиот клуб“, се осврна на неодамнешното заминување на тренерот Чаби Алонсо.
Велшанецот коментираше за причините, зошто мандатот на шпанскиот стручњак на не ги исполни очекувањата, пишува „Марка“.
Во разговор за „Ти-Ен-Ти Спортс“, Бејл прво го пофали Алонсо, истакнувајќи ги неговите успеси.
„Алонсо е неверојатен тренер. Тој освои што освои во Баер Леверкузен, освои трофеи, го водеше тимот неверојатно добро. Но, кога доаѓате во Реал Мадрид, не треба да бидете тренер, туку менаџер. Треба да управувате со егата во соблекувалната“, рече тој.
„Не бев изненаден кога доби отказ. Знам многу добро како функционира Реал. Ако нема резултати, дури и ако не е особено длабока криза, тренерот е поранешен тренер“, додаде тој.
Бејл објасни дека во соблекувална полна со врвни играчи, клучен е поинаков пристап.
„Мора да милувате егото. Не мора да се прават толку многу тактички работи. Има суперѕвезди во соблекувалната кои можат во секунда да го сменат текот на натпреварот во една секунда. Значи, да, можете да видите дека тој е одличен тренер и тактичар, но во Мадрид, очигледно, тоа не функционираше“, заклучи Бејл.
Foto/ depositphotos






