НХЛ ќе започне на 13.јануари

НХЛ ќе започне на 13.јануари

пред 3 години

Сезоната во професионалната хокеарска лига, НХЛ, ќе започне на 13.јануари. Сезоната, поради пандемијата на коронавирусот, ќе биде скратена, односно секој тим ќе одигра по 56 натпревари во регуларниот дел.

Играчите и лигата постигнале договор сезоната да започне за три недели, но за да биде официјализиран овој датум, лигата треба да добие согласност од сите тимови и одобрување од здравствените власти на Канада.

Комесарот на НХЛ, Бил Дели, рекол дека тимовите ќе можат да ги отворат тренинг-камповите од 31.декември.

Се уште не се знае што ќе биде со франшизите од Канада, односно каде тие ќе ги играат своите натпревари, дали во своите градови и арени или во „хаб“ градовите. На пример, НБА франшизата Торонто Репторс, домашните натпревари ќе ги игра во Тампа на Флорида.

НХЛ ја следи во чекор НБА лигата, но кај хокејот проблем претставува големиот број на тимови од Канада. Планот на НХЛ, кој пропадна, беше сите тимови од Канада да се натпреваруваат во една дивизија. Проблем за лигата се и Сан Хозе Шаркс, бидејќи во Санта Клара постои забрана за одржување на спортски натпревари.

Share
Scroll to Top