„Биг Сем“ ќе ги спасува Вест Бром

„Биг Сем“ ќе ги спасува Вест Бром

пред 3 години

Вест Бромвич Албион потврдија дека поранешниот контроверзен англиски селектор Сем Алардајс е нов менаџер на тимот по отказот кој го доби Славен Билиќ и покрај 1:1 ремито против Манчестер сити во вторникот.

За Алардајс ова е прва работа откако си замина од Евертон на крајот на сезоната 2017/18 и ВБА ќе се десеттиот клуб со кој работел 66-годишниот Англичанец, кој во 2016 накратко беше и англиски селектор пред да се повлече поради скандал со поткуп.

Билиќ ги врати ВБА во Премиер лигата оваа сезона, но по 13 меча имаа само една победа и се на претпоследното место на табелата со два поени од зоната за испаѓање. Првиот меч на Алардајс со клубот ќе биде дуелот со Астон вила во недела.

Share
Scroll to Top