Билапс е нов тренер на Портланд

Билапс е нов тренер на Портланд

пред 3 години

Поранешниот Ол-стар, Шонси Билапс стана нов тренер на Портланд трејлблејзерс, откако помина само една сезона како асистент-тренер во тимот на Лос Анџелес клиперс, потврдија повеќе американски медиуми.

Ова е прва работа како главен тренер за Билапс, кој почна со својата тренерска кариера оваа сезона како помошник на Тајрон Лу во Клиперси. 44-годишниот Билапс одигра 17 сезони во НБА лигата, пет пати беше во Ол-стар тимот, а беше и МВП на НБА финалето во 2003/04, кога ги предводеше Детроит пистонс до титулата.

Билапс го менува Тери Стотс, кој имаше 360-288 скор во девет сезони со Портланд, но си замина по четвртата елиминација во првото коло на плејофот во последните пет сезони.

Share
Scroll to Top