Билд: Играчите не ги прифаќаат идејите на Лев

Билд: Играчите не ги прифаќаат идејите на Лев

пред 3 години

Последните денови на Јоаким Лев како селектор на Германија можат да се претворат во вистински дебакл. Човекот кој ја однесе Германија до светската круна во 2014 година, на шест дена до почетокот на ЕУРО 2020, се соочува со бунт во националниот тим, пишува тиражниот „Билд“.

Ирачите кои Лев ги одбра за настап на континенталниот шампионат биле незадоволни од формацијата што ја форсира Лев и со која планира да игра на ЕП.

Подолг период, Лев ја форсира формацијата 3-5-2. Играчите, како што пишува „Билд“, сметале дека играта би им била подобро доколку репрезентацијата игра со четворица во последниот ред.

Најгласни во ова барање биле играчите на Баерн Минхен, кои се најбројни во репрезентацијата. На ЕП од Баерн ќе настапат Мануел Нојер, Џошуа Кимих, Никлас Суле, Леон Горецка, Серж Гнабри, Томас Милер и Лирој Сане.

Германија на ЕУРО 2020 се наоѓа во „групата на смртта“, заедно со Франција, Португалија и Унгарија.

Без оглед на резултатот што ќе го постигне на ЕП, Лев ќе ја напушти функцијата, а на неговото место ќе дојде Ханс-Дитер Флик.

Share
Scroll to Top