Германскиот великан Баерн Минхен минува низ најтешката криза во овој век. По поразот од лидерот Баер Леверкузен (3:0) со кој актуелниот шампион ја зголеми разликата во однос на единствениот конкурент за титулата и загубениот прв натпревар од првата нокаут рунда од Лигата на шампионите кај Лацио (1:0 ), следеше нов шок. Баерн загуби и од Бохум (3:2) во Бундеслигата за трет пораз во низа. Последен пат тоа му се случило во пролетта 2015 година.
Незапирливиот Леверкузен повторно победи, па Баерн сега заостанува осум бода зад водечкиот тим. Со оглед на тоа дека Леверкузен победува во серија, а Баерн во серја губи бодови, разликата меѓу нив е се поголема, на 12 кола пред крајот, се поставува прашањето дали е ова сезоната во која по 11 години Баерн ќе ја предаде титулата во Бундеслигата.
Како сега стојат работите можно еБаварците да останат без трофеј. Веќе се елиминирани од купот од третолигашот Сарбрикен, а настапот од првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите кај Лацио не дава оптимизам пред реваншот.
Поради сето горенаведено, се повеќе се зборува дека Томас Тухел нема да издржи ниту една година на клупата на Баерн. Тој кон крајот на март минатата година стана тренер на најголемиот германски клуб и веднаш испадна од Лигата на шампионите и Купот, а германската титула ја освои само затоа што Борусија Дортмунд му ја подари на неверојатено начин.
Сите инсајдери кои го следат Баерн се согласуваат дека Тухел ја загуби соблекувалната затоа што јавно ги критикува ѕвездите, но и затоа што има тежок карактер.
Билд, најчитаниот германски медиум, објави дека соблекувалната се поделила на две групи. Според овој извор, зад се Тухел: Мануел Нојер, Рафаел Гереиро, Џамал Мусиала, Лерој Сане, Хари Кејн и Ерик Диер.
Против тренерот се Џошуа Кимих, Леон Горецка, Томас Милер, Матијс де Лигт, Матис Тел и Серж Гнабри.