Две големи ѕвезди го потврдија учеството на ОИ

Две големи ѕвезди го потврдија учеството на ОИ

пред 3 години

Најдобрите стрелци на Вашингтон Визардс и Финикс Санс, Бредли Бил и Девин Букер го потврдија своето учество на Олимписките игри во Токио.

Ѕвездата на Визардс, Бил, сезоната ја заврши како најдобар стрелец во Источната конференција. со просек од 31,3 поени по натпревар.

Неговиот помлад колега, Букер, кој со Финикс ќе игра во финалето на Западот, во регуларниот дел од сезоната ја заврши со просек од 25,6 поени.

Тренинг кампот на американската репрезентација, ќе започне на 6.јули во Лас Вегас.

Конечниот список селекторот Грег Попович ќе одјави за десет дена.

Покрај Бил и Букер, учеството на ОИ го потврдија и кошаркарите на Портланд, Бостон и Голден стејт: Демијан Лилард, Џејсон Тејтум и Дрејмонд Грин.

Share
Scroll to Top