Екс-претседателот на Јуве остар: Роналдо го плаќаме милион евра за гол!

Екс-претседателот на Јуве остар: Роналдо го плаќаме милион евра за гол!

пред 3 години

Надежта на „Старата дама“ од Торино дека сезонава ќе стигне до титулата во Лигата на шампионите се „угасна“ уште во осминафиналето. Во двомечот против Порто како победници излегоа момците предводени од еден друг Португалец, Сержо Консеисао.

Разочарани се навивачите на клубот, но и дел од поранешните истакнати луѓе во италијанскиот шампион.
Поранешниот претседател на Јувентус, Џовани Коболи Гигли смета дека грешката е направена кога е доведен Кристијано Роналдо.

„Апсолутно погрешивме кога го доведовме. Го реков тоа уште првиот ден. Тој е голем шампион, но е прескап. Време е клубот кој го плаќа по 1 милиони евра за постигнат гол нешто да направи. Треба да си оди на крајот на сезоната“ смета Гигли кој за испаѓањето на Јуве не ја бара вината кај тренерот Пирло, туку кај челните луѓе во клубот.

Освен неуспехот во ЛШ, на Јуве „не му цветаат рози“ ниту во Серија А каде моментно се на третата позиција со -10 зад лидерот Интер.

Share
Scroll to Top