Биното се предаде предвреме: Реално, тешко дека ќе ги стигнеме Мерцедес и во 2021

Биното се предаде предвреме: Реално, тешко дека ќе ги стигнеме Мерцедес и во 2021

пред 3 години

Фановите на Ферари нема да бидат воодушевени од изјавата на шефот Матија Биното, кој призна дека италијанскиот тим нема да може да ги стигне Мерцедес ниту во 2021 година по катастрофалните резултати оваа сезона.

Ферари не може да се опорави од одлуката на ФИА да ги промени правилата за проток на горивото во моторот, откако лани пола сезона имаа најбрз болид, и сега возачите мораат да се борат за секој поен. Запрашан дали ќе ги стигнат Мерцедес во 2021, Биното беше брутален.

„Реално, тоа нема да се случи. Целта е следната година да се натпреваруваме редовно за подиуми. Не можеме да смениме многу работи околу болидот и не можеме да сметаме на голем чекор напред“, вели Биното во интервју за „Скај спорт Италија“.

Реално, шанса за Ферари може да биде воведувањата на новите правила во 2022 година, иако ограничувањето на буџетот ќе значи дека нема да можат да се трошат толку пари на развој.

Share
Scroll to Top