Бијелса: Гвардиола не е волшебник, направи игра која функционира

Бијелса: Гвардиола не е волшебник, направи игра која функционира

пред 3 години

Тренерот на Лидс јунајтед, Марсело Бијелса, со многу оптимизам го очекува утрешното гостување на „Еитихад“, против лидерот во Премиер лигата, Манчестер сити. Во првиот дел од сезоната, пресметката на овие тимови, во Лидс, заврши без победник (1:1).

„Фудбалот е полн со изненадувања. Нема ништо поубаво за гледачот кога се случи нешто што не очекувал. Верувам дека моите момци можат да направат нешто против Сити. Често се случува во фудбалот, резултатот да не го отсликува она што се случувало на теренот, поради тоа луѓето го сакаат фудбалот“, рекол Бијелса.

Аргентинскиот тренер, неодамна, стилот на Манчестер сити го нарекол магичен.

„Кога реков дека Сити играат магично, не сакав да кажам дека Гвардиола е волшебник. Тој едноставно направи игра, која функционира и на која противниците тешко и парираат. Секогаш се појавува некакво изненадување. Секако дека работата му е полесна бидејќи има фантастични фудбалери. Ние треба да најдеме начин како да ги сопреме“, рекол Аргентинецот.

Натпреварот на „Етихад“, се игра утре од 13.30 часот.

Share
Scroll to Top