Бијелса: Ние сме тим на бунтовници

Бијелса: Ние сме тим на бунтовници

пред 3 години

„Лудакот“, Марсело Бијелса, по сензационалната победа на Лидес јунајтед над Манчестер сити (2:1), ги пофалил карактерот и одлучноста на неговите фудбалеи. Лидс јунајтед, до победата над лидерот во Премиер лигата, дојдоа со играч помалку.

„Вредноста на оваа победа е уште поголема бидејќи е извојувана во натпревар во кој бевме во подредена положба. Беше неопходно да се покаже карактер, труд…Мислам дека победата го отсликува духот на нашите фудбалери. Кога вложуваат заеднички труд, тогаш успеваат да ги исполнат сите задачи. Мислам дека ја заслуживме победата, но да бидам искрен ја заслужи и Сити бидејќи доминираа и имаа свои шанси. Ние сме тим на бунтовници, поради тоа вака лесно минуваме низ тешки ситуации. Не се откажуваме, тоа е нашиот стил“, рекол Бијелса.

Лидс јунајтед во наредното коло ќе го пречекаат Ливерпул.

Share
Scroll to Top