Блејк Грифин е слободен играч

Блејк Грифин е слободен играч

пред 4 години

Шесткратниот НБА Ол-стар, Блејк Грифин се согласи за откуп на договорот со Детроит пистонс и ќе биде слободен агент, објави американскиот „ЕСПН“.

Бруклин нетс, Голден Стејт вориорс, Мајами хит и Портланд трејлблејзерс се меѓу тимовите кои се заинтересирани за 31-годишниот Грифин, кој сега може да преговара со нив.

Пистонс не успеаја да најдат трејд за Грифин, бидејќи му должеа уште 36.6 милиони долари за оваа сезона и 39 милиони долари за 2021/22, и никој не сакаше да прифати вакви услови, и според „ЕСПН“, Детроит успеале да го убедат Грифин да прифати пониска исплата.

Детроит оваа сезона под новиот генерален менаџер Трој Вивер прават повторно градење на тимот, давајќи им шанса на помладите кошаркари. Грифин пак, имаше низа повреди и оваа сезона имаше просек од само 12.3 поени, 5.2 скока и 3.9 асистенции. Грифин беше трејдуван од Лос Анџелес клиперс по една година од неговиот максимален петгодишен договор од 171 милиони долари, пристигнувајќи во Детроит во јануари 2018.

Share
Scroll to Top