Болоња подготви нов договор за Италијано

Болоња подготви нов договор за Италијано

пред 7 часа

Челниците на фудбалскиот клуб Болоња му нуди продолжување на договорот на тренерот Виченца Италијано.

Италијано го презеде тимот во јуни минатата година, тогаш потпиша двегодишен договор со клубот. Се покажа дека челниците повлекле вистински потег бидејќи веќе во првата сезона успеа да го освои Купот на Италија.

Болоња ја завршува сезоната на осмото место во Серија А, а тренерот сака да остане и следната сезона, но под свои услови.

Тој е подготвен да остане во клубот и следната сезона, но со поголема плата од онаа што ја има во моментов и обврска на раководството да му донесе одредени засилувања, со цел да го подобри тимот уште повеќе.

Милан и Рома исто така покажаа интерес за Италијано.

Share
Scroll to Top