„Бомба“ на Пепе, Арсенал ги испрати ВБА во втора лига, крај на низата на Алардајс

„Бомба“ на Пепе, Арсенал ги испрати ВБА во втора лига, крај на низата на Алардајс

пред 3 години

Арсенал се опорави од испаѓањето од Лига Европа за со 3:1 да ги совлада Вест Бромвич Албион и официјално да ги прати во втората лига, така ставајќи крај на низата на менаџерот Сем Алардајс, кој досега можеше да се пофали дека ниту еден негов поранешен тим не испаднал во понизок ранг.

Откако прво се заканија ВБА со две пречки, Емил Смит-Роув ги донесе „топчиите“ во водство во 29. минута, за шест минути подоцна Никола Пепе да го постигне својот најубав гол по пристигнувањето во Премиер лигата.

Матеуш Переира во 67. минута даде надеж на ВБА дека ќе избегнат пораз, но Вилијан во 90. минута од слободен удар го постигна својот прв гол во дресот на „топчиите“ за 3:1 победа. Со победата, Арсенал скокнаа на 9. место на табелата со 52 поени, додека ВБА се претпоследни и со Шефилд јунајтед официјално второлигаши.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Share
Scroll to Top