Бонучи приреди шоу на прес-конференцијата

Бонучи приреди шоу на прес-конференцијата

пред 3 години

Леонардо Бонучи го доби признанието за играч на мечот. Ветеранот, со својот гол во 67.минута го изедначи резултатот во финалето Англија-Италија, а потоа постигна еден од трите гола во пенал серијата, со кои Азурите ја освоија титулата.

На прес конференцијата, по натпреварот, Бонучи во едната рака го држеше трофејот добива играчот на натпреварот, а во другата рака држеше по едно шише Кока-Кола и Хајнекен.

Најпрвин се напи од безалкохолното пиво на Хајнекен: „Го заслужив ова“, потоа погледна во шишето Кока-Кола со зборовите: „Вечерва пијам се“.

Инаку, Бонучи стана најстартиот стрелец во едно финале на европските првенства. Голот против Англија го постигна на возраст од 34 години и 71 ден.

Share
Scroll to Top