Бразилец е рекорден трансфер на Канзас Сити

Бразилец е рекорден трансфер на Канзас Сити

пред 4 часа

Бразилскиот напаѓач Андре Луиз го напушти Олимпијакос и се пресели преку барата, во Спортинг Канзас Сити, во рекорден трансфер.

Иако клубовите не ја открија сумата на обесштетувањето, американските медиуми објавуваат дека Спортинг ќе плати 18 милиони долари за напаѓачот, кој има 24 години.

Луиз ќе стане најскапиот играч во историјата на тој клуб.

Претходниот рекорд на Спортинг беше 7,5 милиони долари, кои беа платени во 2019 година за напаѓачот Алан Пулидо, кој пристигна од мексиканскиот Чивас.

Овој Бразилец, есенскиот дел од сезоната го мина во Олимпијакос, а пред тоа играше во Португалија за Рио Аве и Естрела да Амадора, односно во татковината за Фламенго.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top