Бразилски Супербајк возач загина во страотна несреќа (вознемирувачки)

Бразилски Супербајк возач загина во страотна несреќа (вознемирувачки)

пред 3 години

23-годишниот бразилски мотоциклист Матеуш Барбоса загина во страотна несреќа на Супербајк Бразил трката во Сао Пауло во неделата, откако загуби контрола на своето Кавасаки и се удри во металните бариери.

Трагедијата се случи кога Барбоса, кој бил четврти во моментот, не успеа да го исконтролира мотоциклот излегувајќи од една кривина и отиде директно на крајот на патеката удирајќи се со страшна брзина. Тој веднаш добил медицинска помош, но веќе бил мртов.

Бразилските медиуми пак, ги обвинуваат организаторите на трката во Интерлагос, патека каде што се оддржуваат и Формула 1 трки, дека не се работи за прв ваков инцидент во Супербајк Бразил шампионатот. Во април 2019 година, Маурисио Палудете го загуби животот на истото место, исто како уште еден мотоциклист, Данило Берто.

Share
Scroll to Top