Братски фудбал – Албанија и Косово заедно пееја химна, Грците го победија Кипар

Братски фудбал – Албанија и Косово заедно пееја химна, Грците го победија Кипар

пред 3 години

Интернационалната пауза и првиот термин за натпревари беше искористен за два интересни „братски“ фудбалски дуели, откако Албанија го пречека Косово, а Грција го пречека Кипар.

Посебно интересно беше на мечот помеѓу Албанија и Косово на Елбасан, кој Албанците го добија со 2:1, откако при интонирањето на албанската химна заедно пееја двете репрезентации. Балај и Узуни беа стрелци за Албанија, а Косово постигна гол од пенал преку Муриќи.

Во Атина пак, Грција со 2:1 го совлада Кипар, откако на стартот на мечот постигнаа два гола преку Цолис и Јакумакис, пред Илија да намали на 2:1.

Share
Scroll to Top