Брајтон победи првпат по 11 меча во Премиерлигата!

Брајтон победи првпат по 11 меча во Премиерлигата!

пред 2 години

Брајтон стигнаа до својата прва победа по неверојатни 11 меча во Премиерлигата, прекинувајќи ја најлошата серија во англискиот фудбал со 2:0 триумф над Брентфорд, за прв триумф од септември!

По фантастичниот старт на сезоната, тимот на Греем Потер никако не успеваше да победи со четири ремија во последните шест меча, пред на гости да им дојдат новите премиерлигаши.

Белгиецот Леандро Тросар во 34. минута ги донесе домаќините во водство во празнична атмосфера на „Ејмекс“, пред само осум минути подоцна, Нил Мопе да го реши победникот на мечот. И покрај лошата серија, Брајтон се на пристојното 9. место со 23 поени, додека Брентфор се 13. со 20 поени.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Share
Scroll to Top