Брејди: Озил не е добро момче, ниту во соблекувалната, ниту на теренот

Брејди: Озил не е добро момче, ниту во соблекувалната, ниту на теренот

пред 3 години

Легендата на Арсенал, Лајам Брејди влезе во брутален напад на Месут Озил, оценувајќи дека поранешниот германски репрезентативец не е добар човек ниту во соблекувалната, ниту на теренот.

Околу Озил оваа сезона беа напишани многу коментари, откако Микел Артета го исфрли од составот за Премиер лигата и Лига Европа, иако тој беше најплатениот фудбалер во тимот, и тој најверојатно веќе нема да заигра за „топчиите“ до крајот на договорот во текот на летото. Брејди, кој ја освои ФА куп титулата со Арсенал во 1979 и имаше 307 настапи за клубот, вели дека Артета е во право.

„Воопшто не го обвинувам Артета околу Озил. Тој доби многу шанси и покажа многу малку. Тој не е добро момче во соблекувалната, не е добро момче на теренот. Микел беше во право што го бомбардираше од тимот бидејќи не покажа ништо за Арсенал“, вели Брејди.

Share
Scroll to Top