Колина: ВАР е како дете кое научило да оди, но не знае да трча

Колина: ВАР е како дете кое научило да оди, но не знае да трча

пред 2 години

Пјерлуиџи Колина, Италијанецот кој беше прогласен за најдобар судија во историјата, објаснува дека ВАР системот, кој донесе многу промени во спортот, но и многу контроверзи, е како дете кое треба да го научиш да оди.

Иако се пензионираше пред 16 години, „Франс фудбал“ оваа година му ја доделија наградата за најдобар судија на светот, и во интервју за „Ла газета дело спорт“, Колина признава дека тоа му е голема чест.

„Секако дека сум горд. Не е до мене да кажувам дали сум најдобар, но мислам дека придонесов за менување на начинот на кој судиите приоѓаат на секој натпревар со добивање на информации за тоа што може да се случи на теренот. Тоа беше мала промена за мене, но нешто што не го правеа моите колеги, иако сега е рутина. Јас исто така инсистирав на дијалог, и ги објаснував одлуките на играчите,  како на мечот Интер-Јувентус во 1997, кога им објаснував на капитенот Бепе Бергоми и Рој Хоџсон. Интер дадоа гол и јас го поништив, но по консултација со линискиот судија го сменив тоа и морав да го објаснам“, вели Колина.

Колина сега работи на тренинг и обука на судиите и исто така беше човек кој беше вклучен во воведувањето на ВАР технологијата, како и менувањето на правилата за играње со рака.

„Ако само ги казнуваме намерните играња со рака, тогаш нема да има воопшто пенали. Кој играч намерно ја удира топката со рака? Затоа го сменивме правилото – има ситуации каде што изгледа дека е ненамерно, но го оштетува противникот. ВАР, пак, е како дете кое што само научи да оди, но уште не може да трча. Во 2014 година учествував на првиот состанок за ВАР и мислам дека во иднина процесот ќе биде поедноставен“, додава Итaлијанецот.

Share
Scroll to Top