Најдобриот играч на Клуб Бриж, Емануел Денис, нема го игра натпреварот против Борусија Дортмунд, во Лигата на шампионите. Бизарна е причината поради која Нигериецот нема да биде во протоколот за овој натпревар.
Денис, не сакал да седи на местото во клупскиот автобус, кое му било одредено. Поради тоа излегол од автобусот, а клубот му изрече суспензија.
За да ги почитуваат фудбалерите правилата за заштита од коронавирусот, клубот направил распоред на седење на секој од нив, кога се во клупскиот автобус.
„Денис е здрав, но не е во протоколот. Не ги следеше клупските правил, тоа е се што можам да кажам на оваа тема“, рекол тренерот на Бриж, Филип Клемент.
Денис оваа сезона има постигнато еден гол во Лигата на шампионите. Во 93.минута тој погоди за победа 2:1 против Зенит, во Санкт Петербург.