Брилијантниот Кари сам ги победи Портланд

Брилијантниот Кари сам ги победи Портланд

пред 4 години

Стеф Кари, во ноќта помеѓу неделата и понеделникот, постигна 62 поени за Голден стејт Вориорс, со што го предводеше тимот до победа над Портланд 137:122.

Еден од најдобрите шутери во историјата на лигата, погоди 18 од 31 шут, постигна осум тројки и реализираше 18 од 19 слободни фрлања.

Кари никогаш во кариерата не постигнал 62 поени и никогаш до сега не шутнал 19 слободни на еден натпревар.

Ова е голема победа за Голден стејт, бидејќи пред само два дена од истиот тим изгубија со 123:98.



Share
Scroll to Top