Британската влада ја постави Турција на „црвената листа“ за патувања, што значи дека навивачите на Челси и Манчестер сити кои ќе патуваат на финалето на Лигата на шампиони во Истанбул ќе мора да поминат низ карантин при враќањето дома.
Двата премиерлигашки клубови ќе добијат по 4.000 билети за финалето на 29 мај, но поради високиот број на случаи на корона вирус во Турција, британската влада се обидува да лобира кај УЕФА преместување на финалето во Англија, тврди „Дејли телеграф“.
Проблемот е што дури и фудбалерите на двата клуба ќе мораат да поминат двонеделен карантин при враќањето во Англија, што ќе претставува голем проблем за играчите на англиската репрезентација, кои ги почнуваат настапите на Европското првенство само 15 дена по финалето.