Долгоочекуваната борба меѓу Тајсон Фјури и Ентони Џошуа веројатно ќе се одржи на 20 ноември во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк.
Иако стадионот „Вембли“, долго време беше прва опција, се чини дека двајцата борци се согласија дека најпознатата сала во светот треба да биде домаќин на спектаклот.
Главната причина е што борбата ќе се емитува на „Нетфликс“ во американскиот ударен термин, некаде околу 21 часот. Ова секако нема да им се допадне на љубителите на боксот во Велика Британија, кои го чекаат овој меч повеќе од една деценија.
Ниту Фјури ниту Џошуа немаат појаси во супертешката категорија, во која со години владее Украинецот Александар Усик. Тој ги победи двајцата двапати.
Во секој случај, изборот на „Медисон Сквер Гарден“ повторно покажа дека комерцијалниот аспект на оваа борба е многу поважен од спортскиот.
Foto/ Depositphotos






