Германецот Феликс Брих ќе го суди првиот полу-финален натпревар во Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Манчестер сити.
Адвокатот од Минхен е интернационален судија од 2007 година. Оваа сезона судел пет натпревари во Лигата на шампиони.
Ајакс-Ливерпул (0:1), Севилја-Краснодар (3:2). Олимпијакос-Порто (0:2), Атлетико Мадрид-Челси (0:1), Реал Мадрид-Ливерпул (3:1).
На Брих ќе му помагаат Марк Бош и Штефан Луп, а во ВАР собата ќе биде Марко Фриц.
Натпреварот ПСЖ-Манчестер сити се игра, во среда.