Состојбата на Танде е стабилна, се наоѓа во вештачка кома

Состојбата на Танде е стабилна, се наоѓа во вештачка кома

пред 3 години

Норвежанецот Даниел Андре Танде, се наоѓа во стабилна состојба, по инцидентот што му се случи на скокалницата во Планица.

Танде со брзина од 102,6 километри на час загуби рамнотежа, при летот потполно се изврте, па падна на страна и се излизга до крајот на патеката.

По укажаната прва помош, тој со хеликоптер беше префрлен во болницата во Љубљана.

Според последните информации тој има фрактура на клучната коска, а други повреди не биле забележани. Докторите се претпазливи, за да го намалат стресот, тиг го ставиле Танде во вештачка кома.

Во текот на денот, ќе бидат извршени дополнителни прегледи.

Еве како изгледаше летот на Танде:



Share
Scroll to Top