Буфон се расплака по неуспехот на Парма

Буфон се расплака по неуспехот на Парма

пред 11 месеци

Џанлуиџи Буфон (45) се расплака откако неговата Парма не успеа да се пласира во финалето од плеј-офот во Серија А.. Легендарниот италијански голман не бранеше во вториот натпревар против Каљари поради повреда.

Каљари првиот меч го доби со 3:2, а реваншот во Парма заврши 0:0.

На крајот од натпреварот Буфон отиде да ги поздрави навивачите со соиграчите. Тој не можеше да ги задржи солзите и подоцна се огласи на социјалните мрежи.

„Има порази кои оставаат само чувство на загуба и длабока осаменост. Среде оваа сурова реалност, во длабочините на моето срце ја чувствувам таа длабока потреба уште еднаш да ви кажам: Им благодариме на луѓето од Парма , тие си неверојатени“ Буфон има договор со Парма на уште една година и голема е можноста да брани и следната сезона.

Share
Scroll to Top