Поранешниот тренер на Барселона, Ернесто Валверде, конечно, проговори за своето време во каталонскиот клуб и отказот кој го доби во јануари 2020, но не сакаше да оди во детали за конфликтите што ги имал со, сега веќе поранешната ѕвезда на тимот, Лионел Меси.
„Не можам да кажам што се случи. Тоа е дел од мистиката. Подобро е луѓето да не знаат какви сме навистина и дека знаеме сè. Подобро е луѓето да не ја знаат вистината“, вели Валверде.
Тој вели дека сега сака поинаков проект, кој би го стимулирал.
„Тоа би требало да биде поинаков проект, некој кој би донел мотивација. Откако си заминав од Барселона ми беше потребно време за одмор. Сакав да патувам, но пандемијата го наруши тој план. Во моментов не знам што би правел следно“, додава тренерот.