Валентино Роси кариерата ќе ја продолжи во својот тим?

Валентино Роси кариерата ќе ја продолжи во својот тим?

пред 3 години

Иконата на мото спортот, Валентино Роси, ќе вози за својот тим наредната сезона во Мото ГП, тврдат бројни италијански медиуми. Договорот на Роси со Петронас Јамаха истекува по завршувањето на сезоната. Тимот најави дека Роси нема да добие нов договор.

Валентино Роси, на крајот од минатата сезона стана без договорот со фабричкиот тим на Јамаха, се пресели во Петронас, каде што не ги оправда очекувањата.

Тој сака да ја продолжи кариерата, а за да го оствари тоа има само една опција, да вози за својот тим. Тимот на Роси ќе има две места во шампионатот, откако постигна договор со компанијата „Арамко“, која се наоѓа во сопственост на кралското семејство на Саудиска Арабија.

Втората компанија, која е под контрола на принцот Абдулазиз бин Абдулах Сауд Танал, која се занимава со медиумска дејност, најави дека во наредните денови ќе објави интересни детали за својот проект во Мото Гп шампионатот.

Прес конференцијата ќе се одржи во резиденцијата на принцот. Добро упатени извори, тврдат, дека Роси ќе биде промовиран во прв возач на тимот Арамко ВР46 Дукати тим.

Тимски колега би требало да му биде полу-братот Лука Марини.

Доколку овие најави се точни, тоа значи дека Роси по девет години повторно ќе соработува со Дукати. Во 2011 и 2012 година, Роси, имае неуспешна соработка со Дукати. Во тој период забележа само три пласмани на подиумот, најдобар резултат му беше второто место.

Share
Scroll to Top