Вамангитука и Штутгарт го „торпедираа“ Дортмунд

Вамангитука и Штутгарт го „торпедираа“ Дортмунд

пред 3 години

Силас Вамангитука, младиот напаѓач на Штутгарт, со со два гола, среде Дортмунд ја торпедираше Борусија. Штутгарт ја победија Борусија со 5:1 и најавија дека сезонава ќе се борат за пласман во европските купови. Ова е втор пораз по ред за Борусија на домашен терен, вкупно четврти во Бундес лигата.

Вамангитука ги постигна првите два гола за својот тим, првиот во 26, а откако израмни Рејна во 39.минута, тој повторно погоди во 53.минута. До крајот на натпреварот катастрофата на Борусија ја комплетираа Форстер, Кулибали и Гонзалес.

Инаку, Вамангитука е од Конго има 20 години, а европската јавност го запозна минатата недела, кога поради омаловажување на противникот доби жолт картон.

На мечот со Вердер, во Бремен, тој во 91.минута ја искорсти катастрофалната грешка на голманот на Вердер, Јиржи Павленка. Му ја украде топката, застана на гол-линијата чекајќи да му се доближи некој од противниците, дури тогаш постигна гол. Поради непочитување на притивникот главниот судија го казни Конгоанецот со жолт картон.

По оваа рунда, Борусија Дортмунд се петти на табелата со 19 поени, Штутгарт со 17 е веднаш зад нив. „Милионерите“ имаат пет поени помалку од Лајпциг и четири од Баерн.

Лајпциг славеа победа во дуелот со Вередер, 2:0 и сигурно е дека неколку часа ќе бидат лидери на табелата. Баерн, во 18.30 гостува кај Унион Берлин. Головите за „биковите“ ги постигнаа Сабицер од пенал и Олмо во првото полувреме.

На останатите натпревари: Келн победија во Мајнц со 1:0, Фрајбург славеа над Арминија 2:0, а Борусија Менхенгладбах и Херта одиграа без победник 1:1.

Share
Scroll to Top