Ван Гал трет пат селектор на Холандија

Ван Гал трет пат селектор на Холандија

пред 3 години

Луј Ван Гал официјално ја презеде фудбалската репрезентација на Холандија. Ван Гал дојде на местото на Франк Де Бур, со кого „лалињата“, не успеаја да го минат осмина-финалето на Европското првенство.

70-годишниот тренер, реши да се врати од пензија и од денес официјално да го започне својот трет мандат, како селектор на националниот тим. Ван Гал нема работено од 2016 година кога доби отказ во Манчестер јунајтед.

Претходно, Ван Гал, бил селектор на Холандија од 2000 до 2002 и од 2012 до 2014 година. Со Холандија на Светското првенство во Бразил го освои третото место.

Share
Scroll to Top