Мешаната штафета на Полска испиша историја, Стол ја потврди доминацијата во фрлање диск

Мешаната штафета на Полска испиша историја, Стол ја потврди доминацијата во фрлање диск

пред 3 години

Даниел Стол од Шведска, во фрлање диск и мешаната штафета на Полска на 4×400 метри освоија златни медали на Олимписките игри во Токио.

Најголемиот фаворит во фрлање диск, Стол, со далечина од 68,90 метри, го освои најсјаното одличје во Токио. Далечината која му беше доволна за победа, Стол ја забележа во втората серија.

Стол ја потврди доминацијата во оваа дисциплина, бидејчи е и актуелен светски првак од Доха.

Успехот на Шведска го надополни, Симон Петерсон, со освоениот сребрен медал. Петерсон го фрли дискот на далечина од 67,37 метри.

Голем успех оствари и Австриецот, Лукас Вајсхадингер кој со 67,07 го освои третото место.

Полска влезе во историјата на Олимпијадите, како прва држава која победила во новата дисциплина, мешана штафета 4×400 метри.

Карол Залавски, Наталија Качмарек, Јустина Свијти и Кајетан Душински забележаа време 3:09.87 минути. Полјаците ги изненадија фаворитите, репрезентативците на САД, кои на крајот го освоија третото место.

Пред САД, заврши шатафетата на Доминиканска република (3:10.21 минути). Доминикаците са само една стотинка беа побрзи од штафетата на САД.

Share
Scroll to Top