Ван дер Плетсен го победи ракот, ќе ја надмине и новата страшна повреда

Ван дер Плетсен го победи ракот, ќе ја надмине и новата страшна повреда

пред 3 години

Белгискиот десетобоец, Томас ван дер Плетсен го заврши обидот за освојување на прв олимписки медал по страшната повреда која ја доби при скокот во далечина.

30-годишниот Ван дер Плетсен имаше добро за летување, но го повреди коленото, и пада со лицето во песокот. На крајот, тој мораше да го напушти стадионот во количка.

Ова не е прва Олимпијада за Ван дер Плетсен – тој беше шести во Рио во 2016 година, а во 2019 година беше деветти на Светското првенство. Сепак, откажувањето не е во крвта на десетобоецот – во 2015 година тој ја доби најважната битка во животот, победувајќи го ракот.

Share
Scroll to Top