Вардар го „скрши“ малерот, на крајот до победа над Елверум

Вардар го „скрши“ малерот, на крајот до победа над Елверум

пред 4 години

Со одличен камбек во последните неколку минути од мечот, Вардар ја забележи втората победа во ЕХФ Лигата на шампионите, овојпат со 34:32 над норвешкиот Елверум, истиот тим со кој пред неколку дена им избега победата во последните секунди од мечот. Ова е прва победа за двократниот европски шампион во ЛШ од далечниот октомври, откако многу мечеви им беа одложени или откажани поради КОВИД-19.

Елверум имаше предност од три гола на полувреме (20:17), но Вардар по десетина минути успеа да израмни, по што во интересна завршница да стигне до победа со што го прати Елверум на последното место на табелата во групата А со 5 поени, еден помалку од „црвено-црните“.

Тимур Дибиров беше најдобар со 9 постигнати голови, додека Гоце Георгиевски додаде шест гола.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ГРУПА А

Елверум – Вардар 32:35 (20:17)

Табела: 1.Кјелце 17, 2.Флензбург 15, 3.ПСЖ 12, 4.Мешков 11, 5.Пик Сегед 10, 6.Порто 8, 7.Вардар 6, 8.Елверум 5

Фото: РК Вардар

Share
Scroll to Top