Вардар 1961 прими 40 голови и загуби од Бенфика

Вардар 1961 прими 40 голови и загуби од Бенфика

пред 2 часа

Ракометарите на Вардар 1961 со пораз го започнаа настапот во фтората фаза, во Лига Европа. Вардар 1951, вечерва во Лисабон, загуби од бенфика со 40:35 (24:16).

Со исклучок на првите седум минути, црвено-црните, беа во целосно подредена положба против инспирираниот ривал. Вардар 1961, добро велзе во натпреварот, водеше со 6:3 и 7:4, а по тајм-аутот на тренерот на Бенфика, играта на црвено-црните се распадна.

Со две серии, Бенфика стигна до 15:11, а по 30 минути игра португалскиот тим имаше предност 24:16.

Во вториот дел Вардар 1961 малку ја подобри својата игра, но тоа беше доволно само за пораз со пет голови разлика.

Хориха со девет и Туозлана со седум гола беа најефикасни во редовите на Вардар 1961.

Во наредното коло, во Групата 3, црвено-црните ќе го пречекаат Мелсунген.

Фото/ РК Вардар 1961

Share
Scroll to Top