Варела од Порто прв пик на Ливерпул

Варела од Порто прв пик на Ливерпул

пред 7 месеци

Ливерпул полека се подготвува за животот без Јирген Клоп. Германецот по завршувањето на сезоната, по девет години ќе го напушти „Енфилд“.

Челниците на „црвените“ сакаат да го засилат средниот ред поради честите повреди на Алкантара (кој веројатно ќе замине) и Гравенберг.

Изборот падна на 22-годишниот Алан Варела, фудбалер на Порто, кој оваа година игра во одлична форма. Се очекува наскоро да дебитира за аргентинската репрезентација.

Единствениот проблем може да биде откупната клаузула. Порто бара 70 милиони евра, а Ливерпул во моментов е подготвен да потроши 50 милиони.

Share
Scroll to Top