Хаосот, во Бразил, во режија на фудбалерите на Бока јуниорс е тема во фудбалскиот свет.
По реваншот со Атлетико Минеиро, фудбалерите на Бока јуниорс се тепаа со обезбедувањето и полицијата и се обиделе да влезат во соблекувалната на Атлетико. Полицијата фрлила солзавец за да ја смири ситуацијата.
На крајот осуммина од Бока јуниорс завршиле во полиција. Бока јуниор испаднаа во осмина-финалето, во Копа Либертадорес на пенали. Двата натпревари завршија со резултат 0:0, пенал серијата Атлетико Минеиро ја добија со 3:1.
Медиумите откриваат дека моментот од 63.минута, бил причина за хаосот што се случи по завршувањето на натпреварот.
Во 63.минута, судијата по консултацијата со ВАР, им поништи гол на Аргентинците.
Од таборот на Бока јуниорс, во тој момент, а по завршувањето на натпреварот, сметале дека се оштетени и дека голот што го постигнале бил регуларен.